ИЗБОРИТЕ НЕМА ДА ЈА ЗАПРАТ ИЗГРАДБА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ИЗБОРИТЕ НЕМА ДА ЈА ЗАПРАТ ИЗГРАДБА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев рече дека се консултирал со правници што е дозволено за време на техничка влада и дека изборите нема да ја запрат изградбата на новиот Клинички центар. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев рече дека предвремените избори на 12 април нема да влијаат на постапката за изградба на нов Клинички центар. Тој рече дека се консултирал со правници што е дозволено за време на техничка влада и дека изборите нема да ја запрат изградбата на новиот Клинички центар.

    „Одржавме состаноци и со правниците ги разгледавме сите дозволиви и недозволиви работи за време на техничка влада, пред избори и во кампањата. Видовме дека нема потреба ништо да застане во таквите постапки кои се големи и сериозни за избор на вака големи изведувачи. Паралелно се движат преговорите за кредитната линија од Министерството за финансии, а Министерството за здравство ја заврши првата фаза во делот на техничкиот дијалог“, рече Заев.

    Тој кажа дека очекува овие постапки да завршат до крајот на годината, да има конкурентни понуди и заштеда на средства за изградба на Клинички центар.

    „Секако Министерството за финансии треба да се избори за најповолни услови во делот на кредитните линии, а Министерството за здравство да се изборат за најконкурентни понуdи. При тоа од Министерството за здравство ќе реалоцира средства на Општина Ѓорче Петров, на Град Скопје и на јавните претпријатија за изградба на инфраструктурата, оти од обиколницата мора да има пристапен пат до центарот, водовод, приклучок на гас и електрична енергија. Сето тоа се проектира за да може напролет да почне со изведбата на инфраструктурата“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира