ИЗБОРНАТА ПРОЦЕДУРА Е НЕЛЕГАЛНА И Е ВОВЕД ВО НОВА КРИЗА, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИ ПО УСТАВНО ПРАВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБОРНАТА ПРОЦЕДУРА Е НЕЛЕГАЛНА И Е ВОВЕД ВО НОВА КРИЗА, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИ ПО УСТАВНО ПРАВО

    Целата изборна процедура е нелегална и неуставна, предупредуваат правните експерти откако експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ги распиша изборите за 11 декември.

    “Завчера, пред да се распушти Собранието, имаше можност да се преструктуираат изборните единици, но Собранието го одби предлогот на ДПА. Сите шест единици треба да имаат ист број на гласачи, отстапување е дозволено само плус, односно минус пет отсто. Гласовите треба да имаат иста тежина, а немаат. Во Шестата изборна единица има отстапување од 10 отсто. Имаше можност барем од оваа гледна точка изборите да бидат чисти. Ние практично ништо не направивме. Ова е вовед во нова политичка криза“, предупредуваат експертите на неуставност и на незаконитост на изборната процедура, која партиите ќе ја искористат да ги оспорат изборните резултати.

    Експертите по уставно право што ги консултираше САКАМДАКАЖАМ.МК инсистираат да бидат анонимни.

    “Република Македонија се оддалечи од правото. Веќе во оваа држава не важат законите, не важи Уставот. Разговараме, но не сакаме да стои име“, велат тие за причината за анонимноста.

    Еден од експертите особено ја оспорува уставноста на изборната процедура поради тоа што, како што вели, „некој си Трајко, чичко Трајко некој, кој не е претседател на Собранието, бидејќи веќе нема Собрание, денеска распиша избори“. Па прашува: “Кој е тој Трајко Вељаноски што распишува предвремени парламентарни избори? Тој распишувач не е уставен, бидејќи тој од вчера не е претседател на Собрание.“
    Според овој експерт по уставно право, Вељаноски првин требаше да ги распише изборите, па потоа да го распушти Собранието.

    Другиот експерт очекува ДПА да остане доследна дека ќе ги искористи сите механизми да ја оспори законитоста на Шестата изборна единица, односно да покрене иницијатива до Уставниот суд за повреда на уставното начело на еднаквост на избирачкото право. Тоа може секој од нас да го стори, бидејќи отстапувањето во Шестката е големо и не кореспондира со пропишаното отстапување од плус/минус 5%.
    Државната изборна комисија (ДИК), која прва побара да се прекрои не само Шестата, туку и Третата и Четвртата изборна единица, вели дека нема да ја блокира процедурата, бидејќи мора да работи по Изборниот закон, таков каков што го стокмил Парламентот.

    “ДИК укажа на отстапувањата, но тоа укажување не беше адресирано до Собранието. Можноста за корекција е испуштена, ние мора да работиме по Изборниот законик, а партиите имаат оружје во рацете за евентуални незадоволства во изборната постапка“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК во ДИК.

    Денеска и членот на ДИК за САКАМДАКАЖАМ.МК предупреди дека дека се распишуваат избори кои се спротивни на Изборниот законик и дека тоа може да биде биде основа било кој да ги оспори изборите.

    „Како член на ДИК го известив министерството за правда дека во Шестата изборна единица има 5,28 отсто повеќе гласачи во однос на законското отстапување од плус/минус 5 отсто во Изборните единици. Побарав да се напрaват измени на Изборниот законик, за да се нивелираат изборните единици. Правда, односно Владата, досега нема изготвено такви измени“, рече Ибраими.

    Лидерот на ДПА Мендух Тачи по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во петокот, рече дека ако се оди на избори со нерешени изборни единици неговата партија ќе поднее иницијатива за поништување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира