ИЗБОРНИТЕ РЕКЛАМИ НА ПАРТИИТЕ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ, АГЕНЦИЈАТА ЗА МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ГО ОСУДИ НОВИОТ ЗАКОН КАКО МЕШАЊЕ ВО УРЕДУВАЧКАТА СЛОБОДА

    ИЗБОРНИТЕ РЕКЛАМИ НА ПАРТИИТЕ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ, АГЕНЦИЈАТА ЗА МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ГО ОСУДИ НОВИОТ ЗАКОН КАКО МЕШАЊЕ ВО УРЕДУВАЧКАТА СЛОБОДААгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува донесените измени во Изборниот законик по скратена постапк во Собранието, а по претходен договор на лидерските средби на партиите; - Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и на СДСМ, Зоран Заев (Фото:СДК.МК)

    Со измените на Изборниот законик, рекламите на партиите во печатените медиуми, радијата, телевизиите и електронските медиуми (портали) за време на избори ќе им ги плаќаат граѓаните, а не како досега според финансиската можност на партиите. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува донесените измени во Изборниот законик по скратена постапка во Собранието, а по претходен договор на лидерските средби на политичките партии .

    „Со измените, платеното политичко рекламирање за време на изборните процеси што досега учесниците во изборите им го плаќаа на медиумите од своите сметки, ќе се плаќа од Буџетот, преку Министерството за финансии. Ако досега трошоците за платено политичко рекламирање и неговиот обем по медиумите беа ограничени од финансиските можности на политичките субјекти, ваквото решение овозможува тие да се зголема,т затоа што ќе се плаќаат од парите на граѓаните“, реагира АВМУ.

    Агенцијата потенцира дека новата одредба за дополнителните лимити за платено политичко рекламирање на радијата и телевизиите повторно не обезбедува еднакви услови за пристап до платеното политичко рекламирање за сите учесници во изборниот процес, затоа што ги фаворизира партиите од власта и од опозицијата, а воопшто не предвидува време за рекламирање за независни кандидати.

    „Мешање во уредувачката слобода на медиумите е законското решение со кое учесниците во изборната кампања ќе ги изготвуваат медиа плановите за платено политичко рекламирање, наместо медиумите“, стои во реакцијата на АВМУ.

    Со измените на Изборниот законик кои беа изгласани на вчерашната собраниска седница, се допрецизираат одредбите за платеното политичко рекламирање, финансиските средства кои се обезбедуваат од Буџетот , исплатата на трошоците за објавеното платено политичко рекламирање од Министерството за финансии, како и други прашања поврзани со изборниот процес.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари