ИЗБРАН СУМ ЗАШТО ИМАМ ГОЛЕМО ИСКУСТВО, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ДАШТЕВСКИ

    ИЗБРАН СУМ ЗАШТО ИМАМ ГОЛЕМО ИСКУСТВО, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ДАШТЕВСКИОд 2000 до 2003 година Дашевски беше помошник-директор во Царинската управа, со која тогаш раководеше Драган Даравелски, кој 15-тина години е во бегство во Србија. (архивска фотографија)

    Новиот претседател на Државната изборна комисија Александар Даштевски вели дека е избран на позицијата поради тоа што бил искусен во таа проблематика, но и во други проблематики, во интервју за „Радио Слободна Европа“.

    „Јас сум бил три години член на ДИК, претходно три пати сум бил во Општински изборни комисии, сега да не испадне дека се фалам, но имам големо искуство во таа проблематика. Имам и меѓународно искуство, кога бев во ДИК сум бил на повеќе конференции, сум бил и во Америка, така што сакам да кажам дека претпоставувам дека изборот бил поради тоа, поради тоа што јас сум искусен во оваа проблематика и во други проблематики, бидејќи веќе сум многу повозрасен од тогаш и дека ќе ја завршам работата стручно и професионално, бидејќи така пишува во законот“, вели Даштевски.

    Даштевски беше член на ДИК како кадар на ВМРО-НП за парламентарните избори во 2006 година. Претходно беше советник во владата на Љубчо Георгиевски и помошник директор во Царинската управа од 2000 до 2003 година, период во кој директор на Царина беше Драган Даравелски, кој веќе 15-тина години е во бегство во Србија.

    Последна државна функција на Даштевски му беше претседателската во Комисијата за заштита од дискриминација и од таа позиција му помогна на бегалецот Никола Груевски да добие азил во Унгарија. Со потписот на Даштевски дека Груевски е жртва на политички прогон, унгарските власти имаа алиби да го заштитат Груевски и да му дадат азил во нивната држава, по мистериозното бегство од Македонија.

    На партиски план, Даштевски освен во ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП, беше и во Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, како и во Демократската десница на Филип Петровски, на чија листа беше и кандидат за пратеник на изборите во 2011 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира