ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ СО КОЈ НА СМЕТКА НА ОПШТИНИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ 48,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА  ПЛАЌАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДОЛГОВИТЕ

    ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ СО КОЈ НА СМЕТКА НА ОПШТИНИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ 48,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА  ПЛАЌАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДОЛГОВИТЕОпштините пријавиле долг од 97,5 милиони евра. На нивните сметки ќе ќе легнат 48,8 милиони евра предвидени со ребалансот. Општини со најголеми долгови се Охрид, Тетово, Карпош и Куманово; - Министерот за финансии Драган Тевдовски(Фото: К. Попов)

    Со 53 гласа „за“ и 13 „против“, доцна попаднево Собранието го изгласаа ребалансот на Буџетот. Опозицијата  ја обвини власта дека со парите од ребалансот предвидени за плаќање заостанатите долгови на Општините нема да има ефект. Општините пријавиле долг  од 97,5 милиони евра. На нивните сметки ќе ќе легнат 48,8 милиони евра предвидени со ребалансот. Општини со најголеми долгови се Охрид, Тетово, Карпош и Куманово.

    „Сменете го законот, 5о милиони евра да им ги дадеме по фер критериуми, по број на жители, населени места, конкретни проекти, а не за неплатени кафеански сметки. Не знаете како да ги потрошите парите од нереализираните капитални инвестиции и правите намерен хаос за да се покриете“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

    Опозицијата тврди дека општините немаат капацитет да се прилагодат на новите законски измени, па или ќе донесат Буџет по стари правила или ќе ја стопираат процедурата и ќе времено ќе се финансираат.

    Владејачкото мнозинство и министерот за финансии Драган Тевдовски тврдеа дека парите ќе бидат потрошени за покривање на долговите кон добавувачите со што ќе се помогне во локалниот економски развој, а новите закони ќе го спречат неразумното трошење на градоначалниците.

    „Законот е чекор кој никој претходно немал храброст да го стори. Имаме голем проблем кој постојано се шири и мора да го решиме и да спречиме да се појавува во иднина. Се согласувам дека ударот ќе биде во првата година, но ќе ја направи земјата да има почист систем на локално ниво“, рече Тевдовски.

    Со ребалансот на Буџетот, најголем дел од неискористените пари предвидени за капиталните инвестиции се пренаменуваат за отплаќање на дел од општинските долгови како и за Фондот за пензиско и здравствено осигурување. Со ребалансот се коригира претходно предвидениот економски раст од 3,2  на 2,8 отсто. Буџетскиот дефицит останува непроменет.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира