Од Инфективната клиника во Скопје се испишани петмина пациенти кои на двата контролни тестови се негативни и се пуштени на домашно лекување, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Од 28-те пациенти кои се на домашно лекување во Дебар, на 11 од денес во следните денови ќе им се земат контролни брисеви, затоа што, вели тој, поминати се доволен број на денови, и согласно нивната добра состојба се очекува да бидат негативизирани.
На Инфективната клиника во моментов има 59 пациенти, 12 се со потешка клиничка слика, од кои петмина се на механичка вентилација. Вкупната бројка на регистрирани заболени пациенти е 354, од кои 17 се излекувани, а 11 се починати.
- ПОЧИНА 65-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОД ЛАБУНИШТА, УШТЕ 25 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС
- НЕМА ДА СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС ОНИЕ КОИ НЕМААТ СИМПТОМИ ПОСЛЕ 14 ДЕНА САМОИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕ
„Завршен е увидот во болницата во Охрид, по случајот со пациентката од Лабуништа која не беше хоспитализирана и која почина од КОВИД-19. Изречени се казни на поранешната директорка, на доктори специјалисти од одделот за инфектологија, како и за самата институција. Во следните денови ќе има стручен увид од Лекарската комора, и ќе заседава Етичката комисија на Комората“, додаде тој.
Во Штип, на 26 март за првпат е примена 80-годишна жена, која имала негативен тест. Тогаш е пратена на консултација и назад вратена од Инфективната клиника од Скопје. Таа се лекувала на одделението за инфективни болести во Штип, но има влошување на состојбата и на 30 март е повторно упатена на Инефктивната клиника. Тестот е позитивен и заради внимание, во самоизаолација се ставени 4 медицински лица од Штип.
„Имаме случај на позитивна медицинска сестра од Куманово, која работела на Клиниката за пулмологија. Таа вчера почувствувала зголемена телесна темература и откако ѝ бил направен тест, констатирано е дека таа е позитивна. Таа минатата недела била во резервниот тим на Клиниката и немала никакви симптоми. Додека била на работа 2 дена, била со целосна заштитна опрема, маска и ракавици“, кажа министерот. Се прават интервјуа со колегите од оваа клиника, и ќе се постапи согласно податоците.
Б. НЕСТОРОСКА