ИЗЛЕЗНОСТА НАДМИНА 50 ОТСТО

    ИЗЛЕЗНОСТА НАДМИНА 50 ОТСТОНајголема излезност има во четвртата изборна единица 59,78 осто, а најмала во шестката 39,22. (Фото. К.Попов)

    До 20.30 часот излезноста на парламентарните избори е 50,84 проценти. Според податоците на Државната изборна комисија половина час до затворање на избирачките места гласале 922.380 граѓани со право на глас.

    Најголема излезност има во четвртата изборна единица 59,78 осто, а најмала во шестката 39,22. Во првата изборна единица гласале 52,17 отсто, во втората 47,97, во третата излезноста е 57,31,а во петтата 50,14.

    Во првата изборна единица од скопските општини најголема излезност има во Карпош 53,73, па Кисела Вода 52,77, Аеродром 51,84, Сарај 52,02, Сопиште 59,55, а најмногу одѕив има во Македонски брод 70,09. Во втората изборна единица во Арачино гласале 47,21 проценти од вкупнитиот број гласачи, во Бутел 50,67, Ѓорче Петров 51,91 и Шуто Оризари 33,58.

    Во тројката Берово има излезност од 63,36, Велес 53,08, Делчево 58,67, Штип 56,65. Во четвртата изборна единица во Гевгелија гласале 69,25 отсто, Прилеп 61,23 а Струмица 57,15. Во петтата изборна единица во Битола излезноста е 56,57, во Кичево 51,58, Крушево 70,21 и Струга 42,92. Во Тетово и Гостивар излезноста е под 50 отсто односно 45,53 и 37,9.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира