Во текот на изминатата недела пријавени се 97 смртни случаи од коронавирус во 20 градови, за 76,4% повеќе во однос на минатата, се вели во новиот неделн извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од нив се од Скопје (38). Најголем број,85 или 87,6% од починатите се во возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (8), 40-49 години (2) и 30-39 години (2).
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25,0% во однос на претходната недела. Заклучно со 23.01.2022 досега вкупно се регистрирани 4.924 реинфекции (1,9%), од кои тринаесет се втори реинфекции.
Минатата недела, на 17 јануари е регистриран и највисок број пријавени случаи на дневно ниво досега – 2.267. Најголем број на заболени на неделно ниво – 11.610 е регистриран исто така во текот на минатата недела.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 550 лица (25,3% повеќе во споредба со претходната недела), а од нив 341 се на кислородна поддршка (34,3% повеќе во споредба со претходна недела) и 27 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (идентично во споредба со претходна недела).
Најчести симптоми пријавени кај заболените се температура (59,1%), кашлица (44,6%) и малаксаност (43,1%). Регистрирани се 64.400 (38,1%) асимптоматски случаи. Во однос на коморбидитети, 41.837 лица имаат кардиоваскуларна болест, 13.699 дијабет, 5.945 се со хронична белодробна болест и 16.249 со други хронични болести.
Заклучно со 22 јануари, вакцинирани се вкупно 864.759 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.