ОД СУДЕЊЕ ЗА НАРАЧКА НА НАСИЛСТВАТА ВО ЦЕНТАР, ЈАНАКИЕСКИ НА РАСПИТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСИЛСТВАТА ВО СОБРАНИЕТО

    ОД СУДЕЊЕ ЗА НАРАЧКА НА НАСИЛСТВАТА ВО ЦЕНТАР, ЈАНАКИЕСКИ НА РАСПИТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСИЛСТВАТА ВО СОБРАНИЕТОЕксминистерот Миле Јанакиески Јанакиески е во куќен притвор и е со постојан полициски надзор во судот и насекаде. (Фото: СДК.МК)

    Осомничениот организатор на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година Миле Јанакиески по денешното судење како нарачател на насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година, во 12 часот треба да оди на распит пред обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска.

    Во вторникот на распит пред Рускоска беше експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Тој се бранеше со молчење и брзо си замина од обвинителството.

    Покрај Вељаноски и Јанакиески засега осомничени за организирање и раководење со насилствата на 27.04.2017 година се и избеганите Никола Груевски и Никола Бошковски и притворените во Шутка Спире Ристовски и Владимир Атанасовски, ексдиректор на УБК.

    Јанакиески е во куќен притвор и е со постојан полициски надзор во судот и насекаде.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира