Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната Специјална обвинителка Катица Јанева остануваат во притвор, како обвинети во случајот „Рекет“. Основниот кривичен суд ги одби барањата на адвокатите на Јовановски и Јанева за укинување на мерката притвор.
„Предлогот на обвинетата К. Ј. за укинување на мерката притвор со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост се одбива како неосновано. Како неосновано се одбива и предлогот на обвинетиот Б. Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Против овие решенија Јанева и Јовановски имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд.
Боки 13 е во притвор од 15 јули, додека Јанева беше притворена на 21 август.