АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ СЕДНАА НА ИСТА МАСА ЈАНЕВА И ЗВРЛЕВСКИ

    АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ СЕДНАА НА ИСТА МАСА ЈАНЕВА И ЗВРЛЕВСКИ

    Скопје, 22 март, 2016 – (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Сите поканети гости се појавија на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, која се одржа во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. На иста маса седнаа јавниот обвинител, Марко Зврлевски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Главен говорник беше романската главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА), Лаура Кодрута Ковеси.

    Конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, е дел од програмата за антикорупција на американската владина агенција за странска помош УСАИД што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

    И Собраниската комисија за политички системи ја чекаше Јанева на седница закажана за денеска во 11 часот. Комисијата требаше да ја продолжи работата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка.

    Таа рече дека нема намера да го образложува извештајот во Собранието и пред Советот на јавни обвинители. „Доколку имаат некои забелешки Советот и Собранието, писмено нека ни ги достават и ние ќе ги вклучиме одговорите на нивните забелешки и заклучоците во идниот извештај, кој веќе започнавме да го подготвуваме“, изјави Јанева.

    Претседалот на комисијата, Владимир Ѓорчев го оцени гестот на Специјалниот обвинител како непочитување на Собранието, Уставот и на законите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари