ЈАНЕВА ПОБАРА ЈАВНОСТА ДА ГИ СЛУШНЕ СИТЕ СНИМКИ ЗА ДА СЕ ВИДИ КОЈ МАНИПУЛИРА И СЕ СКАРА СО РУСКОВСКА

    ЈАНЕВА ПОБАРА ЈАВНОСТА ДА ГИ СЛУШНЕ СИТЕ СНИМКИ ЗА ДА СЕ ВИДИ КОЈ МАНИПУЛИРА И СЕ СКАРА СО РУСКОВСКАОбвинетата во „Рекет“ Јанева е упорна да се изведат сите докази и новинарите да останат внатре, а обвинителката Русковска остана на тоа дека се чувствителни. (Фото: К. Попов)

    Пред наредниот блок приватни снимки на Орце Камчев, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска побара за третата папка да биде исклучена јавноста, зашто во неа имало приватни разговори.

    Но, Катица Јанева негодуваше и побара збор.

    „„Јас ќе кажам нешто во име на сите од одбраната. Бараме да не биде исклучена јавноста. Цело УСБ од Кичевскиот да се презентира. Да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран““, рече таа.

    Во „Рекет“ Русковска ги предложи сите снимки на Камчев од телефонски разговори, кои сам си ги снимал. Обвинението не се базира на овие разговори, туку на материјалните докази кои беа презентирани во неколку судски рочишта.

    Јанева е упорна да се изведат сите докази и новинарите да останат внатре, а Русковска остана на тоа дека се чувствителни. Судијката Васка Николовска Масевска рече дека судот треба да се грижи за зачувување на приватноста и оти таа ќе одлучи.

    Јанева ѝ викна на Русковска: „Обвинителството треба да ги изведе сите докази. Требало да мислите на тоа кога сте ги предлагале. Во спротивно се крши законот!“

    „Вие да мислевте, немаше денес да бидеме во оваа судница!“, ѝ врати Русковска.

    „Вие да не го монтиравте случајов, немаше да има судење“, викна Боки од место.

    Нападот врз Русковска го прекина судијката.

    „Јас ќе одлучам како ќе биде, а ако некој не е задоволен, ете му основ за жалба. Немојте да ме терате да ве исклучам од судница!“, рече судијката Николовска Масевска.

    По ова продолжи судењето со преслушување приватни снимки од Зоран Милевски – Кичевскиот.

    И тој снимал.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари