ОРЦЕ ПОНУДИЛ ДА ОДНЕСЕ ЛЕКАРСКИ ТИМ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ ЗА ДА ЈА ОПЕРИРААТ КАТИЦА, СЕ СЛУША ВО ПРИВАТНИТЕ РАЗГОВОРИ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ВО „ИМПЕРИЈА“

    ОРЦЕ ПОНУДИЛ ДА ОДНЕСЕ ЛЕКАРСКИ ТИМ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ ЗА ДА ЈА ОПЕРИРААТ КАТИЦА, СЕ СЛУША ВО ПРИВАТНИТЕ РАЗГОВОРИ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ВО „ИМПЕРИЈА“Орце Камчев пристигнува во Кривичниот суд да сведочи на судењето за „Рекет“ на 6 декември. (Фото: К. Попов)

    Во продолжение на денешното судење за „Рекет“, во разговор меѓу Орце Камчев, Ана Камчева, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичевскиот, кој призна вина и е осуден, Боки кажува како Катица Јанева има здравствен проблем и дека сака да се оперира на клиниката „Жан Митрев“. Тука веднаш реагира на Ана Камчева и прашува зошто не кај нас во „Систина“. Јовановски, пак, вели дека медиумите веднаш ќе дознаат за тоа и ќе се направи фрка.

    На тоа, Орце вели дека ако треба ќе го пресели целиот тим во болницата „8 Септември“.

    Боки веднаш ѝ се јавува на неговата пријателка Јанева и ѝ го кажува предлогот, а таа вели дека никого не познава во „8 Септември“ и дека не би зборувала сега на таа тема. Јанева е кратка во разговорот и од нејзиниот глас се познава дека и е непријатно што Боки ја прашува за операцијата.

    Во продолжение, Камчев е многу револтиран што обвинителката Лиле Стефанова повикала новинари на брифинг за да каже до каде е истрагата „Империја“ за која неколку месеци од отворањето немаше ни збор од тогашното СЈО.

    Тој вели дека таа направила криминално дело што споделила со јавноста резултати од нејзината истрага.

    „Но, Орце, кривичната пријава на Лиле е школски напишана“, му вели Боки.

    „Нејзината кривична пријава е за во Радовиш и доказите ѝ се за во Радовиш. Јас ти тврдам дека немам точка криминал направено“, вели Камчев.

    Судењето продолжува со уште снимки.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира