ЈАС БЕВ СТИПЕНДИСТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА, ВЛАТКО Е ЖЕНЕТ ЗА АМЕРИКАНКА, ГО УБЕДУВАШЕ МИЦКОСКИ БОРИСОВ ДЕКА Е ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

    ЈАС БЕВ СТИПЕНДИСТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА, ВЛАТКО Е ЖЕНЕТ ЗА АМЕРИКАНКА, ГО УБЕДУВАШЕ МИЦКОСКИ БОРИСОВ ДЕКА Е ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУХристијан Мицкоски и Бојко Борисов на маргините на Конгресот на Европскаѕа народна партија во Загреб, Хрватска. (Фото: Фејсбук)

    На Конгресот на Европската народната партија во Загреб, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој го праша што мисли за членството во Европската Унија. Мицкоски, кој беше заедно со Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Александар Николовски, му одговори дека бил стипендист на италијанската и германската влада и ги спомена врските на неговите сопартијци со земји членки на ЕУ и НАТО.

    „Тука не треба да има дилеми. Јас сум човек кој бил стипендист на италијанската влада, сум поминал таму магистратура и докторат во Германија, стипендист на германската влада. Тимчо е исто образуван во САД, Влатко е женет за Американка, американски зет. Александар не е, ама долго време бил во Стразбур, во Совет на Европа, така да нема така да не треба да имате дилема по тоа прашање“, кажа вчера Мицкоски.

    Прашан од Борисов дали го поддржува Договорот со Бугарија, Мицкоски одговори дека ќе поддржи сѐ што може да биде позитивно за двете страни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира