ЈОВАН МИТРЕВСКИ НОВ КООРДИНАТОР НА СДСМ, РУБИН ЗЕМОН НА ПРАТЕНИЧКОТО МЕСТО НА ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ

    ЈОВАН МИТРЕВСКИ НОВ КООРДИНАТОР НА СДСМ, РУБИН ЗЕМОН НА ПРАТЕНИЧКОТО МЕСТО НА ТОМИСЛАВ ТУНТЕВПратеникот на СДСМ Томислав Тунтев поднесе оставка за да биде нов директор Агенцијата за цивилно воздухопловство. (Фото: СДК.МК)

    Јован Митревски е нов координатор на пратеничката група на СДСМ. Митревски, кој досега беше заменик-координатор, доаѓа на местото на Томислав Тунтев.

    Денеска Собранието ја констатираше оставката на Тунтев кој ќе биде нов директор Агенцијата за цивилно воздухопловство. Нов заменик-координатор е Соња Мираковска од НСДП.

    На пратеничкото место на Тунтев доаѓа советникот на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон. Денешната седница на која што треба да се расправа за уставните измени е одложена за 16 часот за да може ДИК да констатира дека Земон е новиот пратеник.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира