КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ ДА ОСТАНАТ ЗАТВОРЕНИ УШТЕ СЕДУМ ДЕНА, ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ ДА ОСТАНАТ ЗАТВОРЕНИ УШТЕ СЕДУМ ДЕНА, ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИУгостителските објекти може да работат за онлајн или телефонски нарачки. (Фото: К. Попов)

    Полицискиот час да продолжи да важи од 20 до 5 часот и кафулињата и рестораните да останат затворени и во наредните седум дена, е препораката на Коисијата за заразни болести, објави Државната агенција МИА.

    Рестрикциите во движење и работа на угостителските објекти, кладилниците, хотелите беа донесени на 6 април поради сериозната ситуација со ковид-19 во однос на бројот на новозаболени и хоспитализирани пациенти. Одлуката, како што соопшти тогаш Владата, се однесува до 21 април.

    Владата утре на седница ќе ја разгледа донесената препорака од Комисијата за заразни болести.

    „На редовниот состанок со директорите на клиниките и Ковид-центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот  до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, објави денеска на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

    Според последните податоци од Министерството за здравство, на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава ележат 1.663 и има околу 380 празни болнички кревети во Ковид-центрите.  Во моментов активни болни се 19.841, од кои во Скопје се 8.968. Вкупно починати досега се 4.443 болни од ковид-19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира