КАКО ДА ПРОДОЛЖИМЕ, АДВОКАТКАТА НЕМА СЕРТИФИКАТ, ПРАША „СВАРОВСКИ“ СУДИЈКАТА ОТКАКО ОДБРАНАТА ВО „ТВРДИНА 2“ ДОНЕСЕ МЛАДА АДВОКАТКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАКО ДА ПРОДОЛЖИМЕ, АДВОКАТКАТА НЕМА СЕРТИФИКАТ, ПРАША „СВАРОВСКИ“ СУДИЈКАТА ОТКАКО ОДБРАНАТА ВО „ТВРДИНА 2“ ДОНЕСЕ МЛАДА АДВОКАТКА

    На денешното судење на ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски, во тимот на бранители на Грујовски и шесте негови колешки, обвинети за нелегално палење на списи во УБК во случајот познат како „Тврдина 2“, дојде млада адвокатка без дозвола за располагање со класифицирани информации.

    „Како да продолжиме сега, адвокатката нема сертификат“, праша „сваровски“ судијката Петровска, откако Управата за безбедност и контраразузнавање, како создавач на информациите коишто СЈО ги предлага како докази, одби да ги декласифицира.

    Никола Додевски, адвокатот Горан Грујовски, побара од судијката Лидија Петровска да ги отфрли како забранети и неупотребливи.

    На ова, специјалната обвинителка Ленче Ристоска потсети дека СЈО постапи по задолженијата на Судот од претходното рочиште, а создавачот на информациите, Управата за безбедност и контраразузнавање, донела спротивна одлука и одбила да ги даде на располагање во судската постапка против обвинетиот Грујовски. Ристоска и денеска потсети дека овие докази од УБК може да се користат со исклучување на јавноста, како што е пракса во другите судски случаи и оти не е потребно декласифицирање.

    Потсети и оти според член 20 од Законот за класифицирани информации, информација која крие кривично дело пречекорување или злоупотреба на функцијата, престанува да биде класифицирана. ЗКП во ниеден член не предвидел одбивање на докази само зашто се класифицирани.

    Затоа, СЈО побарало Судот да ја задолжи УБК што да направи во оваа постапка за да може судењето да почне и да излезе од подготвителната расправа.

    С.К. Делевска

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира