Група граѓани го слушаат говорот на поранештниот премиер Никола Груевски, по подвод 26 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, од плоштад иако приемот е од другат страна на реката, на терасата на Музејот на македонската борба. Полицијата не доволува пристап од плоштадот кон Музејот преку Камени мост. Ги пропушт само пешаците кои доаѓаат од спротивната насока.
Во обид да го помине мостот беа спречени и активисти на Шарената револуција.
На терасата на Музејот ВМРО-ДПМНЕ слави 26 години постоење. Пристигнати се неколку стотини гости, а поповод прославата забележливо е зголемено полициско обезбедување во центарот на Скопје.