Специјалната обвинителка, Катица Јанева, вечерва со цел тим додје на прославата на Денот на независноста на САД, во кругот на Американската амбасада на Кале. Како и сите гости и тие застанаа да се сликаат пред американското знаме, но на Јанева не и се допадна како се распоредени. Истапи од редот каде што стоеше, ги нареди обвинителите за сите да се гледаат, па потоа се сликаа.
На сликата недостасуваше само обвинителката Ленче Ристоска, која е и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Таа е на обука во Америка.
Прославата на Денот на независноста беше тематска. Посветена беше на природата и на националните паркови.