КАТИЦА ЈАНЕВА ПОДНЕЛА БАРАЊЕ ЗА АПАНАЖА ДО СОБРАНИЕТО

    КАТИЦА ЈАНЕВА ПОДНЕЛА БАРАЊЕ ЗА АПАНАЖА ДО СОБРАНИЕТОЈанева е во притвор од 21 август, кога беше уапсена како осомничена во случајот „Рекет“. - Катица Јанева по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција на 20 август (Фото: СДК.МК)

    Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од притвор во Шутка испратила барање да ѝ се одреди апанажа до собраниската Комисија за избори и именувања. Нејзиното барање ќе биде разгледано на првата наредна седница на комисијата.

    „Првиот допис до комисијата е испратен од адвокат Ирена Фрчкоска, во име на лицето Катица Јанева. По неколку дена добивме барање и лично од Катица Јанева. И со едното и со другото барање се бара одредување апанажа за госпоѓата Катица Јанева. На првата наредна седница ќе мора да се произнесеме по ова прашање“, изјави претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски на денешната седница.

    Јанева е во притвор од 21 август, кога беше уапсена како осомничена во случајот „Рекет“. Од Собранието беше разрешена на 14 септември, еден ден пред да ѝ истече мандатот.

    Функционерите кои ги назначува Владата, Собранието и Претседателот имаат законско право да добиваат плата од државата и по завршувањето на нивниот мандат, најмногу до една година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира