„ЌЕ ГИ РАСПУКАМ УЈП СЕГА НА ТЕЛЕВИЗИЈА“, ВЕЛИ ЛАТАС ВО ЕДНА ОД БОМБИТЕ ШТО СЕ СЛУШАА НА СУДЕЊЕТО ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ

    „ЌЕ ГИ РАСПУКАМ УЈП СЕГА НА ТЕЛЕВИЗИЈА“, ВЕЛИ ЛАТАС ВО ЕДНА ОД БОМБИТЕ ШТО СЕ СЛУШАА НА СУДЕЊЕТО ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕНовинарот и бизнисмен Драган Павловиќ-Латас на денешното судење за случајот „Тотал“ на СЈО во кој е обвинет за даночно затајување (Фото: СДК.МК)

    Денеска се слушаа 16 бомби  во судницата за случајот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ-Латас е обвинет за даночно затајување. Во разговорите Латас збори со сопственикот на Сител телевизија Горан Ивановски и му вели дека неговата фирма „Тотал медиа“ има обврска од 250.000 денари и бара од него Сител да ја преземе.

    „Да ја преземете вие обврската, а потоа нашиве ќе платат, ќе најаат начин оти од нивни работи е направено“, му вели Латас на Ивановски.

    Потоа, во друг разговор на Латас со неговата адвокатка тој објаснува дека обврската на „Тотал“  ќе ја преземе Сител, а во друг разговор таа му кажува дека ДДВ што треба да се плати не е 240.000 денари туку 360.000.

    „Сега ќе им се јавам на овие од УЈП ќе ги отерам у п..ку матер. Нека не ми се курчат јас за нив да работам кога ќе им затреба. Не го потпишувај записникот“, вели Латас во бомбата.

    Во разговори меѓу Латас и вработена во Сител тој и кажува како да фактурира побарувања за емитување реклами.

    Во разговор од 3 август 2011, адвокатката му вели на Латас дека не може да ја ликвидира фирмата оти од УЈП им рекле дека имаат стар долг од 2010.

    „Ќе ги распукам сега на телевизија. 11.000 евра ми земаа на овие финти. Ќе го средам јас ова другачие“, вели Латас.

    Во случајот „Тотал“  СЈО како докази има 39 бомби, од одбраната беше побарано 5 бомби да не ги слушаат новинарите и јавноста оти во нив имало приватни разговори и за трети лица кои не се во судскиот процес. Ова барање беше прифатено и од СЈО и од судскиот совет.

    Наредното рочиште во кое ќе се слушаат останатите бомбо е закажано за септември.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари