ЌЕ ГИ ЗГАЗИМЕ СДСМ, А НОЌТА НА ПЕТТИ ЌЕ ИМ СЕ МОЧАМ У УСТА НА А1, СЕ ЗАКАНУВА ПРОТОЃЕР ПРЕД ЈАНКУЛОСКА ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“

    ЌЕ ГИ ЗГАЗИМЕ СДСМ, А НОЌТА НА ПЕТТИ ЌЕ ИМ СЕ МОЧАМ У УСТА НА А1, СЕ ЗАКАНУВА ПРОТОЃЕР ПРЕД ЈАНКУЛОСКА ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“„Ќе ги згазиме! А ноќта на петти, ќе им се мочам во уста на А1!“, ѝ одговара Мартин Протоѓер во телефонски разговор непосредно пред парламентарните избори во 2011 на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска како стои ВМРО-ДПМНЕ на теренот, во бомбите што денес се слушаа во Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот Мартин Протоѓер шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски исто така обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, според бомбите што е се слушаа денеска во Кривичниот суд, во телефонски разговор непосредно пред парламентарните избори во 2011 година на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ѝ одговара како стои ВМРО-ДПМНЕ на теренот.

    „Ќе ги згазиме! А ноќта на петти, ќе им се мочам во уста на А1!“, вели Протоѓер.

    Анкетите им ги изработува Владимир Божиновски-Влајко, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) кој денес се декларира како независен аналитичар. Јанкулоска во разговор вели дека тој имал еден куп нарачки, цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ му бил на грб. Но, и дека ветил оти на толку работа, ќе ја повтори ако треба анкетата за четвртата изборна единица, каде што од необјаснети причини паѓал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред изборите.

    Според документите што ги објави новинарската истражувачка мрежа БИРН лани на 5 септември, повеќе од  600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење. „Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски – Влајко, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во корист на поранешната владејачка структура“, вели БИРН.

    Во Кривичниот суд до крајот на рочиштетот се слушаа бомби како Јанакиески договара со транспортни фирми на нивни трошок да разнесуваат гласачи, наши иселеници, во избирачките места во дијаспората.

    Вкупно денеска се преслушаа 112 бомби, а следното рочиште е закажано за 12 септември.

    Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности е обвинет поранешниот премиер Никола Груевски, половина од тогашниот Извршен комитет и други партиски финкционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 21 обвинет. Oбвинети се Mартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира