ЌЕ ГО БРАНАМ ДОГОВОРОТ СО СЀ ШТО СУМ И СО ЦЕЛОТО СРЦЕ, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ

    ЌЕ ГО БРАНАМ ДОГОВОРОТ СО СЀ ШТО СУМ И СО ЦЕЛОТО СРЦЕ, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ„Договорот не е идеален, но го заштитивме идентитетот и достоинството за да спиеме мирно“, вели Никола Димитров - Димитров на прославата на 25-годишнината од дипломатските односи Македонија - Франција во МОБ (Фото: М. Златевска)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој беше главен преговарач на крајот, вели дека со предложеното решение се става точка на сите идентитетски прашалници и предизвици и се обезбедува европска иднина и НАТО безбедност. Во објава на Фејсбук, Димитров вели дека договорот не е идеален, но дека го заштитиле идентитетот и достоинството за да спијат мирно и додава дека не треба да заборавиме дека секој успешен договор треба да ги исполни најважните интереси на двете страни.

    Тој тврди дека е апсолутно извлечен максимумот без да се загрози договорот и ќе го брани предложеното решение со сè што е и со целото срце.

    „Со предложеното решение се става точка на сите идентитетски прашалници и предизвици. Македонци, македонски народ, македонски јазик. Се обезбедува европска иднина и НАТО безбедност. Дали договорот е идеален? Секако не. Но, да не заборавиме дека секој успешен договор треба да ги исполни најважните интереси на двете страни. Дали направивме сè што можеме во дадените околности? Дали извлековме максимум без притоа да го загрозиме договорот? Апсолутно. И затоа ќе го бранам со сè што сум и со целото срце. Зошто се втурнавме во ова? За да можеме да се погледнеме во огледало, да си кажеме дека направивме сè за да го фатиме возот за иднината, заштитувајќи го идентитетот и достоинството. За да спиеме мирно. Со мирна совест“, напиша Димитров на социјалната мрежа.

    Тој најави дека утре оди во Берлин за да им каже дека кај нас во Македонија имаме шанса за европски историски успех и дека тоа е успех што треба да се поддржи со почеток на преговори за членство во ЕУ и со членство во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира