ЌЕ ЈА ПРЕИСПИТАМЕ ПОДДРШКАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ АКО КАЈ СОСЕДИТЕ СЕ ВРАТИ НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА РЕТОРИКА, КАЖА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    ЌЕ ЈА ПРЕИСПИТАМЕ ПОДДРШКАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ АКО КАЈ СОСЕДИТЕ СЕ ВРАТИ НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА РЕТОРИКА, КАЖА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИМилтијадис Варвициотис вели дека е загрижен од случувањата во Северна Македонија. (Фото: МИА)

    Грција ќе ја преиспита својата поддршка за проширување на Европската Унија ако во Северна Македонија се врати националистичката реторика, изјави алтернативниот министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина. Тој се осврна на резултатите од локалните избори на заедничката седница на комисиите за европски и надворешни прашања во грчкиот парламент, изразувајќи загриженост за случувањата во Македонија.

    „Правилното и доследно спроведување на Преспанскиот договор е еден од предусловите за преговарачката рамка. Мора да признам дека многу нè загрижуваат случувањата во Северна Македонија. Враќањето на националистичката реторика ќе доведе до редефинирање на нашата национална позиција за поддршка на процесот на проширување“, кажа Варвициотис.

    И покрај тоа, тој повтори дека Грција ги поддржува напорите на словенечкото претседателство за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

    Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар кажа дека одржувањето на првата меѓувладина седница на ЕУ, Албанија и Северна Македонија е неизвесно бидејќи Бугарија нема функционална влада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира