ЌЕ НАПРАВАМ СЀ ШТО МОЖАМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДО ОКТОМВРИ ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ЕУ, РЕЧЕ МЕРКЕЛ

    ЌЕ НАПРАВАМ СЀ ШТО МОЖАМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДО ОКТОМВРИ ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ЕУ, РЕЧЕ МЕРКЕЛ„Станува збор за неколку недели навистина, но нашата заложба останува и што се однесува до мене ќе ја употребам сета моја политичка тежина зад ова“, рече германската канцеларка Ангела Меркел крајот на самитот на лидерите на Европската унија што се одржува во Брисел (Фото: ЕПА)

    Германската канцеларка Ангела Меркел денес во Брисел рече дека ќе стори сѐ за да се одреди датум за почнување на преговорите со Северна Македонија за влез во ЕУ до октомври, откако Советот на министрите на ЕУ одлучи одредувањето датум да се одложи за три месеци, јави државната новинска агенција МИА од Брисел.

    „Сѐ што е можно да направам, ќе направам за да се донесе позитивна одлука до октомври. Северна Македонија направи исклучителна работа со договорот од Преспа и за оваа одлична работа разговаравме вчера. Станува збор за неколку недели навистина, но нашата заложба останува и што се однесува до мене ќе ја употребам сета моја политичка тежина зад ова“, рече Меркел одговарајќи на новинарско прашање на МИА, на крајот на самитот на лидерите на Европската унија што се одржува во Брисел.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира