ЌЕ НАПРАВИМЕ СЀ ЗА ДА СПРЕЧИМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ БАРАЊА ОД БУГАРИЈА, НО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГАРАНТИРА ДЕКА ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ, КАЖА ЧЕШКИОТ МИНИСТЕР ЛИПАВСКИ

    ЌЕ НАПРАВИМЕ СЀ ЗА ДА СПРЕЧИМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ БАРАЊА ОД БУГАРИЈА, НО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГАРАНТИРА ДЕКА ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ, КАЖА ЧЕШКИОТ МИНИСТЕР ЛИПАВСКИЗаедниќка прес-конференција на чешкиот, австрискиот и словачкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, Александер Шаленберг и Мирослав Влаховски, по нивните средби со македонскиот државен врв и со опозицијата денеска во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски рече дека ќе направи сè за да се спречат барања на билатерална основа, но не постои начин некој со сигурност да каже дека тоа нема да се случи, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за нови блокади од Бугарија за македонските евроинтеграции.

    „Мислам дека е очигледно и јасно дека процесот на проширување на ЕУ бара консензус од сите земји членки на ЕУ и никој не може да го исклучи влијанието на домашната политика. Ова е реалноста, ова е како функционираат работите. Меѓутоа, мораме да разбереме дека постои многу наклонета атмосфера во ЕУ кон проширување, пред две години не постоеше таква атмосфера и не знаеме што носи иднината, така што треба да ја искористиме атмосферата. Да, јас ќе се обидам да направам сè за да спречат барањата на билатерална основа, но не постои начин како некој да каже дека со сигурност дека така ќе биде. Меѓутоа, да се промовира она што Северна Македонија го има остварено и може да го оствари, тоа е начинот на кој треба да се продолжи“, кажа Липавски на заедничката прес-конференција со австрискиот и словачкиот колега, Александер Шаленберг и Мирослав Влаховски, по нивните средби со македонскиот државен врв и со опозицијата денеска во Скопје.

    На прашање каков одговор добиле од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, кои велат дека во Собранието нема да ги поддржат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, Шаленберг одговори:

    „Имавме пораки што требаше да ги пренесеме. Ќе ги известиме нашите партнери од ЕУ и високиот претставник (Борел). Како што кажав претходно, овде не сме да се мешаме. Ако сега го кажеме секој детаљ за кој што зборувавме, ќе биде контрапродуктивно и ќе бидеме дел од дебатата, а не од решението“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира