ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА ОБЕЛЕЖУВАМЕ СЕ ШТО Е ГРЕШКА, НАЈАВИЈА ШАРЕНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА ОБЕЛЕЖУВАМЕ СЕ ШТО Е ГРЕШКА, НАЈАВИЈА ШАРЕНИТЕ

    Боја со чаталот и вечерва се фрлаше на Собранието. Пред да почнат да бојат, шарените револуционери од говорница ја објаснија мисијата што ја имаат.

    „Во Советскиот сојуз, како што вели филозофот Милан Кундера, имало систем во кој ги терале уметниците да сликаат само пејсажи и фабрики. Но имаше Прашка пролет, уметниците го правеа реалсоцијалстичкото дело, а потоа со четките го уништуваа тоа дело бидејќи било грешка. Ова другари кај нас е систем на грешка. Ќе продолжиме да обележуваме се што е грешка на овој систем. и заплашувањата со информативни разговори се грешка, Министерството за култура е грешка. Ние сме тука да ги поправиме тие грешки“, рече Ирена Штерјовска од специјалната единица за боење на Шарената револуција.

    Пред Собрание демонстрантите во еден глас му пееја  песна на поранешниот премиер „Слушај Грујо сега, Шутка не ти бега“ и го завршиија вечерашниот протест.

    На пат кон Собранието демонстрантите засилени со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, уште еднаш го обоија Министерството за правда.

    „Овде сме да се солидаризираме со сите другари и другарки кои се повикани во полициските станици и казнети со по 50 евра. Тука сме сите, сите фрлавме боја, нека не казнат сите. Не можат да не казнат сите и да не затворат. Оваа криминална Влада мора да падне“, рече Заев пред Министерството за правда каде вечерва се палеа факели и се  скандираше „Мафија на робија“ и „Шутка не ти бега Никола“.

    Антивладините демонстранти го почнаа протестот со поклон пред споменикот на Јосип Броз Тито пред истоимената гимназија. Положија свежо цвеќе во чест на 25 мај, кој во поранешната држава се празнуваше како Ден на младоста и роденден на претсетаделот.

    „Се пријавувам и јас сум хулиганка“ е пораката на главниот транспарент вечерва , а специјалната единица за боење остава пораки на асфалтот секаде каде што поминуваат демонстрантите.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари