ЌЕ СЕ ГЛАСА И СО ЛИЧНА КАРТА ИЛИ ПАСОШ ЧИЈА ВАЖНОСТ ИСТЕКЛА ВО ПЕРИОД ОД 9 МЕСЕЦИ ДО ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ

    ЌЕ СЕ ГЛАСА И СО ЛИЧНА КАРТА ИЛИ ПАСОШ ЧИЈА ВАЖНОСТ ИСТЕКЛА ВО ПЕРИОД ОД 9 МЕСЕЦИ ДО ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕНад 100.000 граѓани кои имаат право на глас немаат важечка лична карта, а пасошите им се со старото уставно име, па Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На престојните претседателски и паламентарните избори на 24 април и на 8 мај ќе може да се гласа со лична карта или пасош чијашто важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Собранието денеска по скратена постапка со 84 гласови за и 2 воздржани без расправа го изгласа Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

    Над 100.000 граѓани кои имаат право на глас немаат важечка лична карта, а пасошите им се со старото уставно име, според податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР). Измените беа поднесени од кординаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

    Со Законот, меѓу другото се разјаснува и процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга, односно лица кои наполниле 18 години од последните одржани избори (локалните во 2021), до денот на одржување на годинешните избори. Од нив, над 1.000 немаат нов документ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира