ЌЕ СЕ ПРАВИ СКРИНИНГ НА ДЕЛ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО ДЕБАР, ОТСЕГА ЌЕ СЕ ПРАВАТ ТЕСТОВИ И ВО МАНУ И НА СУДСКА МЕДИЦИНА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЌЕ СЕ ПРАВИ СКРИНИНГ НА ДЕЛ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО ДЕБАР, ОТСЕГА ЌЕ СЕ ПРАВАТ ТЕСТОВИ И ВО МАНУ И НА СУДСКА МЕДИЦИНА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВо Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 31 пациент, а на респираторна машина се шестмина пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Ќе се прави скрининг на дваесет до триесет отсто од вкупното население во Дебар, во регионите каде досега има рестриктивни мерки, со оглед на тоа дека нема веќе новодијагностицирани пациенти, со цел да се процени имунитетот за да знаеме што можеме да очекуваме на ниво на цела држава кога ќе одлучиме да се прават тестирања за присуство на антитела, најави денес министерот за здравство Венко Филипче. Скринингот во Дебар ќе се прави со дел од 20 илјади тестови кои како донација ги добило Министерството за здравство.

    Филипче кажа дека во текот на неделата ќе бидат ставени во употреба две дополнителни лаборатории, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и во Институтот за судска медицина. Со ова, рече тој, бројката на тестови се зголемува од 50 до 100 на ден и на тој начин ќе се елиминира долгото чекање на резулатите што се случуваше во одредени ситуации.

    Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку Институтот за јавно здравје – 317, преку Ветеринарен ф-тет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на КОВИД-19.

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1. Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од КОВИД-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјава сега изнесува 854 лица.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти, за кои Филипче рече дека биле со тешка форма на болеста: двајца од Скопје (79 и 63), еден од Велес (58) и еден од Прилеп (67). Вкупно починати досега од КОВИД-19 се 38 лица.

    На Инфективната клиника во Скопје вкупно се хосптиализирани 68 лица, 8 се на механичка вентилација. Во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 31 пациент, а на респираторна машина се шестмина пациенти. Во Битолската болница има петмина пациенти , а во Штип 9.

    Направен е распоред за делење на 1 милион заштитини маски кои стигнаа како донација од Чешка и ќе бидат дистрибуирани во сите здравствени установи согласно распоредот на работа и интензитетот на трошењето, а деновиве се очекува донацијата на заштитна опрема од САД.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира