ЌЕ СЕ ВЕШТАЧИ ЛИФТОТ ШТО ЗГМЕЧИ ДЕТЕ ВО КУМAНОВО

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЌЕ СЕ ВЕШТАЧИ ЛИФТОТ ШТО ЗГМЕЧИ ДЕТЕ ВО КУМAНОВО

    Кумановското обвинителство издадe наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина шестгодишното момче. Вештачењето, кое треба да ги утврди причините за несреќата, ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје.
    По наредба на јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и го обезбедува полиција.
    Oбвинителот издал наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.
    Наредба за обдукција на телото на детето беше дадена вчера.
    Несреќата се случи вчера околу 11 часот во зграда на булеварот Трета Македонска бригада каде што живеело детето. Според соседите, детето било само во лифтот и најверојатно кога го притиснало копчето раката му се заглавила помеѓу лифтот и окното, па лифтот го завлекол и го згмечил.
    Лифотовите на зградите најмалку еднаш годишно треба да поминат технички прегелед. Казните за куќните совети или управителите се од три до седум илјади евра ако лифотот повеќе од една година не поминал технички преглед.
    За секој преглед на лифтот Државниот инспекторат за техничка инспекција при Министертството за економија издава решение за употреба, доколку се исполенти сите безбедносни стандарди. Доколку куќниот совет или фирмата немаат решение за технички преглед, Законот за техничка инспекција предвидува пломбирање на лифтот се додека не се извади документот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари