По Јана Станисављева, во Специјалното обвинителство (СЈО) на прв распит дојде и другиот поранешен директор на пропаднатата компанија „Медиа принт Македонија“, Срѓан Керим. Двајцата се осомничени за истоветни кривични дела: лажен стечај, повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластувањата, за кои се предвидени затворски казни.
И Керим, како поранешната колешка од МПМ, се задржа само околу половина час во СЈО. На излегување рече дека нема да даде изјава, ќе дал „кога ќе дојде време“.
Откако двајцата ја однесоа МПМ во стечај, доверителите останаа со ненаплатени долгови од оваа компанија во износ од над 3 милиони евра.
Во рамките на МПМ беа дневните весници „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ и магазинот „Теа Модерна“, кои веќе не постојат.
С. К. ДЕЛЕВСКА