КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА ВЕЛЕШКАТА ПАТАРИНА

    КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА ВЕЛЕШКАТА ПАТАРИНАКолоните се создаваат иако работат четири наплатни рампи поради големиот постпразничен сообраќај (Фото: СДК.МК)

    Километарски колони се создаваат вечерва на патарината близу езерото Младост кај Велес, поради зголемениот постпразничен  сообраќај. Колоните се создаваат иако работат четири наплатни рампи, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Според Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

    Поради пукната цевка, кружниот тек кај хотел „Континентал“ е затворен за сообраќај, од Автокоманда кон Саем и од Бит-пазар кон Саем.

    Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

    Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. АМСМ вели дека треба да се следи поставената соодветна сигнализација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира