Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе предложат Собранието да усвои декларација за поддршка на пристапните преговори на влез на Македонија во НАТО.
За одлуката гласале и членовите на власта и од опозицијата.
„Очекуваме дека оваа декларација ќе биде со акламација усвоена на седницата на Собранието на 17 јули (вторник), изјави претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Хари Локвенец на денешната прес-конференција.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев рече дека носење декларација за влез во НАТО не е нешто ново и опозицијата ќе ја поддржи.
„ Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина. Впрочем првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена во 1993 година токму од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите партии во Собранието“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНе, Драган Данев.
Г.ТРПЕНОСКИ