КОМУНИЦИРАМ И СО СЕЛА И МИЦКОСКИ, ЌЕ ЈА ОДБЕРЕМЕ СТРАНАТА КОЈА ИМА ПОДОБРИ АРГУМЕНТИ ЗА ДРЖАВАТА, КАЖА ГАШИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

    КОМУНИЦИРАМ И СО СЕЛА И МИЦКОСКИ, ЌЕ ЈА ОДБЕРЕМЕ СТРАНАТА КОЈА ИМА ПОДОБРИ АРГУМЕНТИ ЗА ДРЖАВАТА, КАЖА ГАШИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВДвајцата лидерите рекоа дека разговарале за програмски прашања, а не се разговарало за поделба на министерски и директорски места.(Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска не договорија дали Алтернатива ќе влезе во Владата, туку тоа ќе се знае после пренесување на ставовите на органите на партиите, а консултациите ќе продолжат и викендов.

    По денешната тричасовна средба во Клубот на пратеници Заев и Гаши кажаа дека на државата ѝ е потребна стабилна Влада за да се прати порака дека сме фокусирани кон процесите на евроинтеграции. Двајцата лидерите рекоа дека разговарале за програмски прашања, а не се разговарало за поделба на министерски и директорски места.

    „Кај нив постои поделеност дали да се влезе во Влада или не. Тоа е логично оти пред една недела беа на страната да се урне оваа Влада односно ДУИ како што тоа тие го кажуваат. Одлуките се носат на органите и телата на партијата. Ние сме отворени да ги адресираме сите барања и програмските определби и кадровските решенија. Треба да бидеме спремни дека кога каниме некој дека треба да дадеме нешто.  Не само СДСМ да прави отстапки туку и сите други партии, нормално и ДУИ треба да прават отстапки“, кажа Заев.

    Лидерот на Алтернатива Африм Гаши кажа дека прифатиле средба со Заев за евентуален влез во Влада поради тоа што се наоѓаме во институционална криза и дека имаат обрвска да го видат концептот на Заев.

    „Имаме две опции, првата е приклучување кон парламентарното мнозиство, втората е останување со опозицијата. Јас имам комуникации и со Зијадин Села и со Христијан Мицкоски. Ние овие две различни аспекти за гледање на земјата ќе ги дискутираме во органите на партијата за да видиме кој тежи со повеќе аргументи, а најпрво ќе го ставиме интересот на граѓаните и Албанците. Мислам дека имавме доста плодна комуникација и сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас“, кажи Гаши.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира