КОВАЧЕВСКИ НОСИТЕЛ НА ЛИСТАТА НА СДСМ ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ФИЛИПЧЕ ВО ЧЕТВОРКАТА

    КОВАЧЕВСКИ НОСИТЕЛ НА ЛИСТАТА НА СДСМ ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ФИЛИПЧЕ ВО ЧЕТВОРКАТАПред Конгресот на партијата се одржаа седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата, на кои имало големо незадоволство од листите и реакции од партиските членови.(Фото: СДСМ)

    Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде носител на листата на СДСМ во првата изборна единица, а коносителка ќе биде претседателката на ЛДП Моника Зајкова. На денешниот Конгрес на партијата, Ковачевски ги промовираше листите за претстојните парламентарни избори.

    Во втората изборна единица носител ќе биде Оливер Спасовски заедно со Фатмир Битиќи, во тројката потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревски, а коносител министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

    Во четвртата изборна единица носител ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а коносителка Јованка Тренчевска. Претседателот на Собранието Јован Митрески ќе биде носител во петтата изборна единица заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во шестата изборна единица носителка ќе биде министерката за одбрана Славјанка Петровска, а втор на листата е Агрон Демири.

    Пред Конгресот на партијата се одржаа седници на Извршниот и на Централниот одбор на партијата, на кои имало големо незадоволство од листите и реакции од партиските членови.

    Вчера и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите на листите за парламентарните избори. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде носител во единицата, во втората изборна единица потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, а во третата Драган Ковачки. Потпретседателот Александар Николоски ќе биде носител во четворката, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ќе ја предводи листата во петтата изборна единица, а носителка во шестата изборна единица ќе биде Дафина Стојановска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира