КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ БИДЕ УБАВ ОДВНАТРЕ, РЕЧЕ ЏОЛЕВ НА ОТВОРАЊЕТО НА НОВАТА ЗГРАДА

    КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ БИДЕ УБАВ ОДВНАТРЕ, РЕЧЕ ЏОЛЕВ НА ОТВОРАЊЕТО НА НОВАТА ЗГРАДАПретседателот на Врховен суд Јово Вангеловски, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, јавниот обвинител Љубомир Јовевски и судијката во Врховен суд Лидија Неделкова (Фото: М. Златевска)

    Од понеделник судењата за организиран криминал и за прекршоци ќе бидат во новата барокна зграда на Кривичниот суд, која денес беше отворена. Новиот објект има 25 судници од кои две големи, 100 канцеларии, просторија за препознавање и е опремен со модерна техника.

    На многумина не им се допаѓа како изгледа судот однадвор. Јас ќе го споредам со човековата убавина која доаѓа одвнатре, а не однадвор, рече претседателот на Судот Иван Џолев – судот се чистеше вчера за денешното свечено отварање (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев рече дека добиле нова зграда за нови почетоци, во која со работата на судиите се надева дека ќе се промени мислењето на граѓаните за судството.

    „На многумина не им се допаѓа како изгледа судот однадвор. Јас ќе го споредам со човековата убавина која доаѓа одвнатре, а не однадвор. Така и новиот суд убавината ќе ја има внатре, а ќе ја создадеме сите со својата работа”, рече Џолев.

    Претседателот на Основен суд Скопје 1 Иван Џолев и заменик министерот за правда Оливер Ристовски (Фото: М. Златевска)

    На отворањето беа заменик министерот за правда Оливер Ристовски, претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски, јавниот обвинител  Љубомир Јовевски, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, судии и обвинители.

    Обвинителката во Основното јавно обвинителство Вилма Русковска која го води случајот за организираниот напад на Собранието на 27 април (Фото: М. Златевска)

    Зградата на Кривичен суд почна да се гради на 29 мај 2010, кога министер за правда беше Михајло Маневски. Чини 8,3 милиони евра, средства обезбедени преку кредит од Светска банка.

    Новиот објект има 25 судници од кои две големи, 100 канцеларии, просторија за препознавање и е опремен со модерна техника. (Фото: М. Златевска)

    Првото судење во новиот објект ќе се одржи в понеделник, за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Титаник“ каде за изборни злоупотреби обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и неговите најблиски соработници од тогашниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира