КУРШУМОТ СЀ УШТЕ БИЛ ВО ГРАДИТЕ НА ПОВРЕДЕНИОТ, МИСТЕРИЈА Е ДАЛИ ПУКАЛ ПРАТЕНИКОТ ЏЕВАТ АДЕМИ НА СВАДБАТА ВО МАЛА РЕЧИЦА

    КУРШУМОТ СЀ УШТЕ БИЛ ВО ГРАДИТЕ НА ПОВРЕДЕНИОТ, МИСТЕРИЈА Е ДАЛИ ПУКАЛ ПРАТЕНИКОТ ЏЕВАТ АДЕМИ НА СВАДБАТА ВО МАЛА РЕЧИЦАПо крвавиот настан на веселбата, сведоци за медиумите изјавуваа дека пратеникот Адеми пукал со својот пиштол и ги повредил синот и роднината. Синот полесно, братучедот негов потешко. Но Адеми во Обвинителството демантирал дека тој ги испукал куршумитe (Фото:СДК.МК)

    Тетовското обвинителство уште не утврдило од кое оружје било пукано на свадбата во Мала Речица на 31 јули 2019 година на која беа ранети синот на пратеникот од ДУИ Џеват Адеми и негов братучед, зашто куршумот уште не бил изваден од градниот кош на потешко повредениот.

    Во Јавното обвинителство ни рекоа дека Тетовското обвинителство кое ја води истрагата сè уште работи на утврдување од кое, т.е. од чие оружје било пукано таа ноќ на свадбата, кога настрадаа двајцата мажи.

    Неофицијално, уште не бил опериран потешко повредениот во градите. Треба да се извади куршумот и да се однесе на вештаачење, ни рекоа извори од истрагата.

    По крвавиот настан на веселбата, сведоци за медиумите изјавуваа дека пратеникот Адеми пукал со својот пиштол и ги повредил синот и роднината. Синот полесно, братучедот негов потешко. Но, Адеми во Обвинителството демантирал дека тој ги испукал куршумите.

    Нејасно е како полицијата не ги нашла останатите чаури, на пример таа што го повредила синот на Адеми.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира