КУРЦ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ

    КУРЦ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТОд средбата на Курц и Заев во Виена на 27 јуни (Фото: Влада)

    Австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе дојде во Скопје три недели пред референдумот за името на 30 септември да му даде поддршка на премиерот Зоран Заев, објави австрискиот весник „Стандард“. Од кабинетот на Курц за агенцијата АПА потврдија дека посетата на Скопје на покана на Заев ќе се случи на 7 септември.

    Австрија го поддржува Договорот од Преспа и за време на посетата на Заев на Виена во јуни, Курц кажа дека договорот за спорот за името со Грција е решавачки чекор напред во процесот на доближување на Македонија кон ЕУ.

    ОВП, партијата на Курц, е сестринска партија со опозициските партии во Македонија и Грција, ВМРО-ДПМНЕ и Нова Демократија, кои се против Договорот од Преспа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира