ЛАНИ 445.000 ЛУЃЕ ЖИВЕЕЛЕ ПОД ПРАГОТ НА СИРОМАШТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ЛАНИ 445.000 ЛУЃЕ ЖИВЕЕЛЕ ПОД ПРАГОТ НА СИРОМАШТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

    Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2015 изнесувала 21,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

    Минатата година 445.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија, кој за едночлено домаќинство изнесува 78.000, а за четиричлено домаќинство 164.000 денари годишен приход.

    Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите, односно децата до 17 години, и таа изнесувала 28,6 проценти, а најниска кај највозрасните, односно постарите од 65 години, кај кои изнесувала 14,5 проценти.

    39,7 проценти од невработените, 8,9 проценти од вработените и 7,3 проценти од пензионерите живеат во сиромаштија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира