ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА БЕЈЛИ СЕ МЕША ВО РАБОТАТА НА ДИК, РЕАГИРААТ ОД АМБАСАДАТА НА САД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА БЕЈЛИ СЕ МЕША ВО РАБОТАТА НА ДИК, РЕАГИРААТ ОД АМБАСАДАТА НА САД

    Амбасадата на САД во Скопје реагираше по извештаите во дел од македонските медиуми дека амбасадорот Џес Бејли се меша во работата на Државната изборна комисија и порача дека ова не е време за лажни вести или заговори.

    „Со загриженост го следиме актуелното неточно известување во медиумите со тврдења дека амбасадорот на САД се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретнал, ниту посетил или интервенирал кај било кој од ДИК. САД го поддржува правото на граѓаните на Македонија на демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен. Тоа вклучува разгледување на жалби и приговори, според македонските закони“, соопшти американската амбасада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира