ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, ВЕЛИ ТЕХНИЧКИОТ МИНИСТЕР ЧУЛЕВ

    ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, ВЕЛИ ТЕХНИЧКИОТ МИНИСТЕР ЧУЛЕВ„Лажна вест. Психолошки притисок пропратен и со други непринципиелни работи“, вели техничкиот минисѕер од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев за написите дека се пакувал од МВР. (Фото: Влада на РСМ)

    Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за САКАМДАКАЖАМ.МК демантира дека сака да поднесе оставка на функцијата.

    Вечерва низ медиумите се рашири вест дека Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, во знак на солидарност со техничката министерка за труд и социјални работи Рашела Мизрахи која ја разреши Собранието, се подготвувал самиот да поднесе оставка до техничкиот премиер Оливер Спасовски.

    „Лажна вест. Психолошки притисок пропратен и со други непринципиелни работи“, вели Чулев за написите дека се пакувал од МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари