ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ШКОЛИТЕ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НА 18 МАЈ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ШКОЛИТЕ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НА 18 МАЈ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕСите воспитно-образовни институции се затворени од 10 март, како превентивна мерка за заштита од ширење на коронавирусот.(Фото: К. Попов)

    Лажна е веста дека основните и средните училишта во земјава ќе продолжат со работа од 18 мај, реагира Министерството за образование и наука. Оттаму ја демантираат информацијата која денес излезе во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од Владата, и велат дека документот воопшто не е подготвен од МОН ниту усвоен од Владата.

    „Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови. Апелираме да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас“, велат од МОН.

    Сите воспитно-образовни институции се затворени од 10 март со одлука на Владата, како превентивна мерка за заштита од ширење на коронавирусот. Премиерот Оливер Спасовски минатата недела кажа дека за отворање на училиштата и градинките ќе се разговара после првомајските празници.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира