ЛЕТОТ ОД СКОПЈЕ ЗА ИСТАНБУЛ ОТКАЖАН ПОРАДИ ОБИДОТ ЗА ДРЖАВЕН УДАР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛЕТОТ ОД СКОПЈЕ ЗА ИСТАНБУЛ ОТКАЖАН ПОРАДИ ОБИДОТ ЗА ДРЖАВЕН УДАР

    Летот на Туркиш ерлајнс од Скопје за Истанбул утринава е откажан, поради обидот за државен удар во Турција.

    Според информациите од социјалните мрежи, на аеродромот Ататурк има голема гужва поради откажаните летови. Аеродромот синоќа беше преземен од војската, но набрзо повторно е вратен под владина контрола. Таму околу 6.30 часот по локално време слета турскиот претседател Ердоган кој бил пречекан од неговите приврзаници.

    Според информациите од различни извори, состојбата со летовите почнува да се стабилизира.

    Вечерва има уште еден авион од Истанбул за Скопје, а после полноќ се очекуваат и два чартер лета со туристи кои летуваат во Анталија. Се уште не се знае дали летовите ќе се реализираат според предвидениот ред на летање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира