ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА АПЕЛИРАШЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА АД ХОК ТЕЛОТО ДА ГО ИЗБЕРАТ ПЕТТИОТ ЧЛЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА АПЕЛИРАШЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА АД ХОК ТЕЛОТО ДА ГО ИЗБЕРАТ ПЕТТИОТ ЧЛЕН

    Проблемите со изборот на петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите нема да го доведат во прашање одржувањето на изборите во декември, кажа лидерот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање при посетата на Матка за празникот Пресвета Богородица.
    „Не треба да дозволиме поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11 декември ќе биде датумот на изборите. Мој личен став е дека ова ад хок тело не може да биде причина за да не се одржат изборите. Се надевам дека и овој услов како што е прочистувањето на Избирачкиот список ќе биде исполнет и на 31 август и ќе ги кажеме нашите ставови како една од четирите страни што треба да објават датум за одржување на избори“, вели Заев.
    Претседателот на СДСМ смета дека политичките партии не треба да се вклучат при изборот на петтиот член и апелираше до четирите члена да го изберат петтиот член на почетокот на идната седмица.
    „Аман, од политичките партии преку глава им е на граѓаните. Овие четири луѓе, коишто работат таму предложени како експерти треба пополека да ги стабилизираат мислите, да се насочат и да го изберат петиот член. Како еден од претседателите на поголемите партии апелирам до четирите члена уште на почетокот на идната седмица да го изберат петтиот член, ако не заради нешто друго, заради Македонија“, додаде Заев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира