ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА БАРА СООЧУВАЊЕ СО СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕД НОВИНАРИ 

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА БАРА СООЧУВАЊЕ СО СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕД НОВИНАРИ 

    Експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова најави дека утрово, пред почетокот на седницата на Судскиот совет на која ќе се разгледуваат приговорите од кандидатите за претседатели на судовите кои се незадоволни од вонредното оценување, ќе побара да присуствува лично, но ќе бара и јавност на седницата.

    Неделкова за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека дека писменото барање до Судскиот совет ќе го поднесе час-два пред да почне седницата која е закажана за 11 часот. Вели и дека ќе инсистира да присуствуваат новинарите кога ќе бара одговор од Судскиот совет зошто во вонредното оценување не ѝ ги признава научните трудови што ги објавила во странски списанија со меѓународен импакт фактор, зошто ѝ се дадени само 185 бодови од вкупно 190, со што е спуштена во оценувањето под противкандидатката Снежана Бајлозова која е  в.д. претседателка на Врховниот суд, и под врховниот судија  Јово Вангеловски.

    “Бидејќи судството е транспарентно, а тоа постојано го зборува не само претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, туку и претходните претседатели, очекувам расправата по приговорите поднесени од кандидатите за претседател на Врховниот суд да биде јавна, пред публика, односно пред новинарите. Очекувам дека Судскиот совет ќе го прифати моето барање пред почетокот на седницата“, вели Неделкова.

    Коментар за најавата на Неделкова дека официјално ќе бара јавност на седницата, не добивме од Караџовски, бидејќи не одговараше на мобилниот телефон. Кога се оценувале судии, досега ни тој, ни неговите претходници, не дозволиле присуство на новинари на седницата.

    Неделкова вели дека таа уште на почетокот на вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1 поднела приговор да се прекине тој преседан, како неуставен. Бидејќи приговорот ѝ бил отфрлен, таа вели дека Судскиот совет сега должи одговор зошто лани во септември Советот унапреди и избра 18 судии без да му пречат старите оценки од 2014 и тогаш не изврши вонредно оценување.

    Со вонредното оценување, кое се направи за првпат, беа вметнати и резултатите од работата на кандидатите од 2015-та, но и од половина од 2016-та, што никаде не е пропишано во законот. Оценувањето на судиите и на претседателите е на две години, и при избор на судии и претседатели се зема последната оценка на кандидатите, стои во законот.

    Овој преседан на Судскиот совет судиите го протолкуваа како единствен начин да се поправи од тројка на четворка оценката на експретседателот и кандидат за претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски од 2014, но и да не ѝ се дадат максималните бодови на Лидија Неделкова. Поради тоа што Судскиот совет над една година не сакаше да бира врховни судии, во 2015 и 2016 во Врховниот суд под нејзино раководство беа регистрирани заостанати, нерешени предмети.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира