ЛИФТОВИТЕ ВО МРТВ СЕ РАСИПАНИ ОТИ СЕ ПОПЛАВИ ЗГРАДАТА, СЕ ОДИ ПЕШКИ ДО 18. КАТ

    ЛИФТОВИТЕ ВО МРТВ СЕ РАСИПАНИ ОТИ СЕ ПОПЛАВИ ЗГРАДАТА, СЕ ОДИ ПЕШКИ ДО 18. КАТВо зградата на МТВ се сместени дел од државните институции, па вработените, граѓаните и странките мораат пешки да одат и до 18. кат на зградата. (Фото: Фејсбук)

    Лифтовите во зградата на Македонската радиотелевизија не работат една недела поради поплава во зградата. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчевски вели дека во моментов се работи на поправка на лифтовите.

    „Имаше поплават во просториите кои ги користи Министерството за внатрешни работи, водата навлезе во лифтовите и затоа се расипани. Екипи работат на поправка, другата недела ќе проработат“, вели Мирчевски.

    Во зградата на Македонската телевизија покрај вработените во јавниот сервис, се сместени и дел од државните институции. Вработените, граѓаните и странките мораат пешки да одат и до 18. кат на зградата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира