ЛИЛЕ ПОПОВСКА НЕ ГО ПОДДРЖА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

    ЛИЛЕ ПОПОВСКА НЕ ГО ПОДДРЖА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИПартијата на Лиле Поповска е дел од владејачката коалиција. - Лиле Поповска и Ивана Туфегџиќ (Фото:СДК.МК)

    Пратеничките на ДОМ Лиле Поповска и Маја Морачанин, иако беа присутни во собраниската салата не го поддржаа Законот за употреба на јазиците. Тие ниту гласаа „за“, ниту „против“ за потребата од донесување на Законот.

    Пратеничката Поповска по завршување на гласањето не беше во Собранието ниту се јавуваше на мобилниот телефон за да објасни зошто не го поддржа Законот за употреба на јазиците, иако нејзината партија е дел од владејачката коалиција.

    Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев рече дека нивната коалиција не се заснова на договарање, секој пратеник си носел самостојно своја одлука како ќе гласа.

    Одговарајќи на новинарско прашање зошто двете пратенички од ДОМ не го поддржаа законот, Тунтев рече дека немал таква информација.

    „Од листинзите за гласање ќе се види кој како гласал“ рече Тунтев.

    Листингот од гласањето:

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира