ЉУБЕ БОШКОВСКИ ВО РОДНОТО ЧЕЛОПЕК ЈА СЛАВИ СЛОБОДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЉУБЕ БОШКОВСКИ ВО РОДНОТО ЧЕЛОПЕК ЈА СЛАВИ СЛОБОДАТА

    Претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски ја прославува слободата во неговото родно село Челопек. Фотографијата е снимена во атарот на црквата Свети Никола.

    Љубе Бошковски замоли да не биде вознемируван од медиумите и засега ќе се воздржи од изјави за јавноста.

    На ручекот во дворот на црквата се дојдени 60 претседатели на општинските комитети на неговата партија од цела Македонија. Во Челопек се и бројни роднини и пријатели на Љубе.

    Љубе Бошковски кој издржуваше затворска казна пет години вчера беше пуштен од затворот Идризово.

    Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, со обвинение за незаконско финансирање на предизборната кампања. Беше осуден на пет години затвор.

    За начинот на неговото апсење Специјалното јавно обвинителство води предмет под името „Тортура“. СЈО покрена истрага против седум лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување при апсењето на Љубе Бошковски.

    На Бошкоски за овие пет години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

    Неговиот случај беше нотиран од американскиот Стејт департмент во извештајот за човекови права, каде тој беше посочен како политички затвореник.

    Против Бошкоски се води уште еден процес, „Ровер“, кој двапати беше враќан на повторно судење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари