ЛУЃЕ ОД МВР ТАЈНО ДОСТАВУВААТ ИНФОРМАЦИИ ДО МИЦКОСКИ САМО ЗА ДА МУ СЕ ДОДВОРАТ, ВЕЛИ СПАСОВСКИ

    ЛУЃЕ ОД МВР ТАЈНО ДОСТАВУВААТ ИНФОРМАЦИИ ДО МИЦКОСКИ САМО ЗА ДА МУ СЕ ДОДВОРАТ, ВЕЛИ СПАСОВСКИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Собранието кажа дека до него дошол и список со луѓе од различни институции кои се задолжени да испраќаат извештаи до ВМРО-ДПМНЕ. - Спасовски на денешната седница за пратенички прашања (Фото: К. Попов)

    Постојат луѓе во министерството за внатрешни работи и во други институции кои даваат информации во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат пред сѐ на работите во МВР и на други институции и тоа им е конкретното задолжение, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на попладневниот дел од седницата за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеничката Нола Исмајлоска-Старова дали во МВР има структури кои тајно следат јавни личности.

    „Тоа не се полициски службеници. Тоа се луѓе дел од некаква комисија за безбедност, а според извештаите, биле потпишани од Оливер Андонов, Никола Николов, Александар С. Ѓорчески и Александар Ѓеорѓиевски и извештаите ги доставувале во архивата на партијата, до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и до некаква комисија за проценка“, рече Спасовски.

    Спасовски потенцираше дека доставувањето на информации за работењето на институциите до ВМРО-ДПМНЕ од тие лица било само начин на додворување до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Не дека нешто дополнително ќе добијат со ваквите состојби со кои се занимаваат, не дека некого ќе исплашат од пратениците или други структури, туку ова се прави за додворување, кој повеќе ќе му се допадне на Мицковски со тоа кој повеќе ќе донесе материјали, а со тоа да дојдат до подобра позиција. Јасно е дека нема да имаат шанса за таква работа ако продолжат со ваков начин, ниту ќе добијат позиција“, рече Спасовски.

    Министерот Спасовски кажа дека до него дошол и список со сите луѓе од различни институции кои се задолжени да испраќаат такви извештаи до ВМРО-ДПМНЕ.

    Пратеничка Исмајлоска-Старова е од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира