МАДОНА, „ЈУ-ТУ“ И СТИНГ ЌЕ ПЕАТ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА, КОНЦЕРТОТ ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА НА ВИДЕОБИМ И НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ

    МАДОНА, „ЈУ-ТУ“ И СТИНГ ЌЕ ПЕАТ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА, КОНЦЕРТОТ ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА НА ВИДЕОБИМ И НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕКонцертот на светскиот онлајн телемаратотн за поддрка на Украина ќе се пренесува и во Скопје. (Фото: АП)

    Денеска на Плоштадот Македонија во Скопје од 17.30 часот на видеобим во живо ќе се пренесува светскиот онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE (Спас за Украина).

    На концертот ќе настапат украински и светски музички ѕвезди како Јамала, Руслана, Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, „Ју-Ту“, Мадона, Елтон Џон и многу други.

    На Плоштадот во Скопје како и во многу други земји ќе биде поставен видеобим за следење на концертот.

    Русија изврши воена агресија врз Украина на 24 февруари, и во војната досега досега над 10 милиони жители се раселени, од кои над 3 милиони избегаа во странство, разурнати се градови и има илјадници цивилни жртви во руските бомбардирања на цивилни цели како станбени блокови, болници, породилишта, школи и градинки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира